TOC

This article is currently in the process of being translated into Macedonian (Former Yugoslav Republic of Macedonia) (~98% done).

Почеток:

Visual Studio Community

WPF е, како што е веќе опишано, комбинација на XAML (markup (означување)) и C # / VB.NET / било кој друг .NET јазик. Се од него може да се едитира во било кој едитор на текст, дури и Notepad вклучен во Windows, и потоа да се компајлира од командната линија. Сепак, повеќето развивачи преферираат да користат IDE (Интегрирана околина за развој), бидејќи таа прави сè, од пишување на код до дизајнирање на интерфејсот и компајлирање сè толку полесно.

Преферираниот избор за .NET / WPF IDE е Visual Studio, кој инаку чини прилично многу пари. За среќа, Microsoft одлучил да го направи лесно и апсолутно бесплатно за сите да почнат со .NET и WPF, така што тие имаат креирано бесплатна верзија на Visual Studio, наречена Visual Studio Community. Оваа верзија содржи малку помалку функционалност од вистинското Visual Studio, но има сè што ти треба за да почнеш да учиш WPF и да правиш вистински апликации.

Затоа, оди и преземи ја Visual Studio Community од Microsoft - бесплатнa е и лесна за инсталирање и употреба:

https://www.visualstudio.com/vs/community/

Откако е симната и инсталирана, кликни на наредната статија за да почнеш со процесот на учење на WPF!